Изработка

Благодарение на големото искуство во конструирање и изработка на штанц форми во изминатите години пред основањето на фирмата и користењето на специјализиран софтвер и иновативни технологии, можиме да постигниме квалитет на изработка на штанц формите што ги задоволува барањата на најпребирливите наши клиенти.

 

Изработуваме штанц форми за сите видови штанц машини кои користат рамни штанц форми за штанцовање на хартија, картон, брановидна лепенка, пластика, кожа и други материјали.

 

 

Фирмата МГ-Ласер располага со интелегентен кад-кам систем за проектирање на различни видови опаковки од картон и валовита лепенка по стандардите на ECMA и FEFKO.

 

За основа на штанците користиме панели од финска бреза 12, 15, 18мм. 

 

Разните видови ножеви, бигови, перфорации се од Шведската фирма Sandvik која е лидер за оваа област.

 

 

Сечењето на штанц формите се врши со ласеркса машина од последната генерација со ауто фокус кој ги елеминира грешките од нерамнините на панел плочата исто така има можност за регулирање на ширината на каналот со што се постигнува долг век на експлоатација на штанц формите.

 

Автоматски обликувани ножеви

 

Обликувањето на ножевите се врши со ауто бендер  и помошни машини од врвни Јапонски производители

 

Правилно избрана одбивна гума

 

Одбивната гума која е една од најважните чинители на еден ласерски штанц е од Германската фирма Appel кој е лидер во производство на одбивна гума за штанц форми. 

 

Доколу имате потреба од обука на ваш кадар за:

-  Штанцовање

-  Рејљефирање

-  Позлата

-  Лепење

-  Пластифицирање

-  Каширање

-  Целофанирање

 

Нашиот тим од стручни соработници со долгогодишно искуство во реномирани домашни и европски фирми од  графичката индустрија ви стои на располагање за надоградување на вашиот персонал...

горе